Тренерот на Клуж во 25. секунда направи измена за да ги измами правилата во романското првенство (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Само што почна мечот, Петреску го извади 18-годишниот Разван Алин Фика, а на негово место го стави поискусниот Константин Паун Александру.

Од оваа сезона во романското првенство има правило дека екипите мора да стартуваат најмалку со двајца играчи кои се помлади од 21 година. Тоа не им се допадна на некои тренери, еден од нив беше Петреску.

За да го измами правилото, тој го започна мечот со млад фудбалер, но веднаш го извади од игра и стави постар играч. Жртвуваше една замена, но го извади составот кој го посакуваше.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×