Што ќе се случи по одлуката на Конте за суспензија на Серија А? Медиумите шпекулираат со три сценарија

by
1 минути читање

Фудбал во Италија
нема да има до 3. април, доцна вечерва Премиерот на Италија најави нови мерки
во борбата со коронавирусот, цела држава е црвена зона па тоа значи
суспендирање на Серија А и сите спортови.

По ваквата
одлука, се поставува прашањето како ќе финишира сезоната со оглед на тоа што
летоска на програмата е Европското првенство и практично невозноможно е да се одиграат
сите натпревари на време.

Според Ла Република,
во игра се три сценарија. Првото значи одложување на Европското првенство дококу
коронавирусот продолжи да се шири на стариот континент. Бројките на заразени
почнаа со брзо темпо да растат и во Шпанија, Франција и Германија. Па доколку ЕП
се помести на есен, или пак се игра следната година, тоа ќе отвори простор
сезоната да се заврши на време.

Второто сценарио
предвидува згуснат распоред во последните месеци, натпревари да се играат на
два или три дена, а мечевите од Купот на Италија да се одложат за август.

Третото сценарио,
кое е најцрно, вели уште сега да се стави крај на сезоната. Нема да се додели
Скудето, само ќе се одредат тимовите кои следната сезона ќе играат во Европа.
Што се однесува до екипите кои се на долниот дел од табелата, тие нема да
испаднат во втора лига. На двете први екипа од Серија Б ќе им биде дозволена
промоција во ранг погоре со што следната сезона би имало 22 екипи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×