Рој Кин смета дека Игало е главниот виновник за формата на Марсијал

by
1 минути читање

Манчестер
јунајтед го обои Манчестер во црвено по втората победа сезонава против својот
градски ривал Манчестер Сити во Премиерлигата, овој пат на домашен терен со
2-0, со погодоците на Марсијал и МекТоминеј.

Нема дилеми во
импактот кој во составот на „Црвените ѓаволи“ го стори Бруно Фернандеш, меѓутоа
сега се зборува и за одличната форма на Ентони Марсијал, кој погоди токму по
асистенцијата на Фернандеш, со кого одлично функционираат на теренот.

Марсијал се „пофали“ на социјалните мрежи за последиците од ударот во стативата (ФОТО)

Манчестер јунајтед
веќе запиша седум победи во последните десет меча во сите конкуренции, а во кои
нема пораз, низата е одлична, а го радува и легендарниот Рој Кин, кој го посочи
Одисон Игало како главна причина за формата на Марсијал.

Веќе имаме
реакција од Марсијал, некогаш влегува нов напаѓач, упатувате пофалби на негова
адреса, а сето тоа ги притиска и останатите за нешто повеќе во нивните
перформанси
“ изјави Кин за „Скај Спортс“.

Секако, тука ја
бележиме и реакцијата на Марсијал, кој сигурно сега размислува во стилов
Сега имам друг фудбалер кој се бори за
мојата позиција
, а неговата
реакција беше одлична
“ додаде поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед.

Марсијал постигна
четири погодоци по доаѓањето на Игало во јануарскиот преоден рок, генерално
гледано сезонава во Премиерлигата запиша 11 погодоци зад своето име на 23
настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×