Се чини дека
обидите на Манчестер јунајтед да дојде до потписот на 16 годишниот фудбалер на
Бирмингем, Џуд Белингам, се искачија некое скалило погоре, а за тинејџерот
интерес постои од повеќе европски гиганти.
„Дејли Мејл“
објави дека родителите на Белингам биле забележани како излегуваат од тренинг
центарот на Манчестер јунајтед, а младата голема фудбалска надеж регистриран е
во самиот автомобил заедно со своите родители.
Еден час потоа,
забележан бил и извршниот потпретседател на Манчестер јунајтед, Ед Вудворд како
излегува од тој простор, па на Островот се појавија низа шпекулации за тоа што точно
барале родителите на Белингам, како и самиот фудбалер таму, едно од сценаријата
е секако можни преговори со гигантот од „Олд Трафорд“.
„Спортсмејл“ го
контактираше Манчестер јунајтед, меѓутоа од таму не сакаа да ја коментираат
денешната ситуација во Карингтон, меѓутоа нема никакви дилеми во тоа дека
постои голем интерес за неговиот потпис од Манчестер јунајтед, потпис кој наводно вреди околу 35 милиони фунти.
Претходно, „Билд“ извести дека Борусија Дортмунд е во пол-позиција за потписот на фудбалерот одсредниот ред на Бирмингем, а во деталите кои ги објави германскиот весник се
наведе дека веќе бил постигнат договор помеѓу обете страни, а трансферот во
најава беше заокружен со цифра од 35 милиони евра.