Болката од
поразот за Реал Мадрид на гостувањето кај Бетис (2-1) може да биде уште
поголема ако се земе во предвид дека голманот Тибо Куртоа се здоби со повреда
на таа пресметка.
Белгискиот голман
се здобил со болки во мускулот на левата нога, а медиумите регистрирале дека
тешко се движел по крајот на мечот.
„Марка“ известува
дека Куртоа денеска ќе биде подложен на медицински тестови, а доколку повредата
е од посериозен карактер, тој би отсуствува на реванш пресметката кај Манчестер
Сити идниот вторник.
Од шпанскиот
весник додаваат дека дефитинивно очекувањата во Реал Мадрид се Куртоа да го
пропушти првенствениот дуел со Еибар, меѓутоа останува дилемата дали Белгиецот
ќе се рехабилитира до идниот вторник, каде ќе треба да анулира негатива од 0-1
по мечот на домашен терен со англискиот првак.