26 годишниот Хари
Кејн се врати на тренинзите во Тотнем за прв пат по операцијата на која беше
подложен по повредата од посериозен карактер со која се здоби.
„Сан“ извести
дека самиот Кејн го таргетирал идниот месец како период за враќање на терените,
а претходно шефот на стручниот штаб на тимот од Лондон, Жозе Мурињо наведе дека
стравува дека тој нема да биде во комбинација до крајот на актуелната сезона.
„Го сакам ова
враќање на тревникот со топка на моите нозе“ напиша Кејн во својата објава на
социјалните мрежи.
Напаѓачот на
Тотнем се повреди на пресметката со Саутемптон во првиот ден од новата година,
па иако предвидувањата за неговото враќање првично беа поблаги, брзо од Тотнем
посочија дека напаѓачот ќе отсуствува три месеци.