Трагедија во Нигерија: Млад фудбалер колабрирал и починал на сред терен

by
1 минути читање

На натпревар од
најсилното првенство на Нигерија, синоќа се случила трагедија, починал млад
фудбалер. Се работи за 22 годишниот Чинаме Мартинс, кој ги бранел боите на
Насарава јунајтед.

На пресметката со
Катсина јунајтед, тој колабрирал на теренот, добил помош од лекарските екипи на двата
тима и бил пренесен во болница, каде докторите само констатирале смрт.

За маката да биде
поголема, амбулантотно возило не можело да стартува, па морало да биде туркано
од стјуардите за конечно да тргне кон болница.

Фудбалската
федерација на Нигерија ја потврди трагедијата и побара да биде изврешена
аутопсија на телото за да се утврдат причините за смртта на Чинаме Мартинс. Поради
пропустите со брзата помош, ФФН исто така нареди натпреварите во иднина да не започнат
доколку не биде обезбедена комплетна и исправна медицинска опрема на
стадионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×