Сите мечеви од Лига 1 зад затворени врати или со 1000 гледачи до средината на април!

by
0 минути читање

Коронавирусот се повеќе влијае на спортските настани ширум светот. Последната вест доаѓа од Франција, нивната најдобра фудбалска лига во наредниот период ќе се игра без публика.

Француската министерска за спорт, Роксана Марасинеану потврди дека натпреварите во Лига 1 ќе се играат пред празни трибини или со најмногу 1000 гледачи.

Претходно беше одлучено натпреварот од Лигата на шампионите кој се игра во Франција, меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд исто така да се игра без публика.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×