Зидан по поразот од Бетис: Ова беше најлошиот меч сезонава, ја преземам одговорноста за ова

by
1 минути читање

Реал Мадрид ја
загуби лидерската позиција во однос на својот најголем ривал Барселона, и тоа
по поразот кај Бетис синоќа со 2-1, со што Каталонците по 27 одиграни кола сега
имаат два бода предност во однос на „Кралевите“.

„Кралевите“
влегоа во мини криза, па така забележаа само една победа во последните пет меча
во сите конкуренции, и тоа против Барселона (2-0), а шефот на стручниот штаб
Зинедин Зидан ја презеде одговорноста за синоќешниот пораз, наведувајќи дека
тоа било најлошиот меч на сезоната.

Ова беше нашиот
најлош меч сезонава, немавме ништо во играта, недостасуваше енергија, посед на
топка, интензитет, играта ни беше очајна…
“ изјави Французинот.

Ова беше еден
лош ден, се случува, но одговорноста ја преземам јас, имавме многу грешки на
теренот, постојано ја губевме топката, а кога не сте на најдоброто ниво,
работите стануваат комплицирани
“ додаде Зидан.

Запрашан од
новинарите да даде објаснување зошто неговите избраници не биле на висина на
својата задача, Французинот посочи дека нема начин како да ја објасни таа
ситуација, посочувајќи дека почнале на мечот доста лошо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×