Избраниците на
Лампард освоија важни три бода во битката за топ четири пласман, Челси
попладнево го совлада незгодниот Евертон и тоа со убедливи 4-0. Домаќините беа
расположени за надигрување, имаше дури четворица различни стрелци.
Маунт го отвори
резултатот во 14. минута, а Педро седум минути подоцна погоди за 2-0 и најави
тешко попладне за „карамелите“.
На стартот од
вториот дел, Вилијан зголеми на 3-0, а во 54. минута, Жиру му зададе нов удар
на противникот.
За одбележување е
и партијата, на 18 годишниот Били Гилмор, кој блескаше на средината од теренот
во својот прв натпревар во Премиерлигата како стартер.
Тинејџерот успешно
реализираше дури 93% од додавањата, или 74 прецизни додавања. Натпреварот го заврши
со 91 допир на тпката, едно клучно додавање, една пресечена топка, еден успешен
лизгачки старт и една расчистена опасност, па ја доби награгата за играч на мечот (МОТМ).