Кога се чинеше
дека е најден компромис за тоа како да продолжи сезоната во Серија А и да се
игра без публика, денеска се случи нов хаос. По одлуката во карантин да бидат ставени
десетина области во северниот дел на Италија, односно околу 16 милиони луѓе, Асоцијацијата
на фудбалери повика да биде прекинато првенството.
Ваквата иницијатива
поддршка доби од Миниестерот за спорт, кој попладнево порача дека сезоната
треба да биде суспендирана. Изјавата на Винченцо Спадафора направи хаос на мечот помеѓу Парма и
СПАЛ, играчите непосредно пред да излезат на теренот беа повлечени во
соблекувална, за половина час подоцна повторно да излезат и натпреварот да почне со доцнење од 75 минути.
Ќе се играат и
останатите закажани денешни натпревари, но оние за следниот викенд и тие потоа
се под голем знак прашалник.
Фудбалската федерација
на Италија соопшти дека на 10. март е закажан вонреден состанок на кој ќе се
разговара за предлогот на Асоцијацијата на фудбалери и Министерот за спорт и ќе се одлучи дали да биде прекинато првенството.
Исто така се
најавува дека Асоцијацијата на фудбалери се заканува со штрајк од следната
недела, доколку здрајвето на играчите не биде посериозно земено во предвид.