Мурињо жестоко распали по рекордното засилување на Тотнем: Не можам повеќе да му давам шанса да игра!

by
1 минути читање

Танги Ндомбеле минатото
лето пристигна во Тотнем како големо засилување од Лион и за неговите услуги
беа одвоени преку 60 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси, со
што играчот од средниот ред стана најскап трансфер во историјата на „спарси“.

Сепак, неговата
прва сезона во Премиерлигата е очајна, закачи неколку повреди, а кога добива
минутажа игра под очекувањата. Тој денеска беше стартер против Барнли, но
целосно потврди покрај младиот Скип, па двајцата беа повлечени од игра уште на
паузата.

Со Ло Селсо и
Даер прекомандуван од одбраната во средниот ред, Тотнем заигра многу подобро во
продолжението од мечот и се избори за бод.

„Во првото
полувреме немавме среден ред, играчите од средниот ред многу често се криеја во
првото полувреме. Секако дека не зборам за Скип, има само 19 години. Не го
критикувам Скип. Танги имаше доволно време да биде на едно поинакво ниво. Играч
со ваков потенцијал и одговорност мора да понуди многу повеќе од она што го прикажува
сега. Се надевам дека ќе ја искористи секоја минута на теренот за да напредне.
Има многу играчи кои во својата прва сезона во нова земја се мачат. Се работи
за огромен талент, но мора да игра далеку подобро. Мора да знае дека не можам
повеќе да му давам шанси да игра, тимот е многу поважен од индивидуалците“
– порача
остро Жозе Мурињо по крајот на натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×