Реал Сосиедад одигра храбар натпревар на гостувањето кај Барселона и не заслужи да загуби, особено не со таков гол каков што примија.
Во текот на мечот и двете екипи имаа шанси за гол, Барселона имаше повеќе обиди да дојде до водство, но не успеваше.
Клучниот момент се случи во 79. минута кога беше досуден пенал за Барселона по игра со рака на еден од фудбалерите на Реал Сосиедад. Судијата гледаше ВАР снимка и одлучи да покаже на белата точка. Но, судиите не погледнаа дека во истата акција, пред да се случи играњето со рака Артуро Видал беше во офсајд. Правилата се јасни, ако од почетокот на акцијата до постигнувањето на голот имало некаква нерегуларност, тој треба да биде поништен. Судиите се фокусираа на играњето со рака, но не го видоа офсајдот.

Меси беше прецизен од белата точка, погоди за победа на Барселона од 1-0.
Во судиското продолжение Барселона постигна уште еден гол, стрелец беше Алба, но погодокот беше поништен бидејќи претходно Фати беше во офсајд.