Оваа недела се
појавија гласини кои велеа дека Зинедин Зидан по втор пат ќе замине од
Сантијаго Бернабеу и по крајот на сезоната на негово место ќе пристигне
Маурисио Покетино.
Популарниот Зизу
пак ќе се пресели во Серија А, и ќе го превзеде кормилото на неговиот поранешен
клуб Јувентус.
Па на денешната прес
конференција во пресрет на дуелот помеѓу Бетис и Реал Мадрид, новинарите
побараа коментар од Французинот за ваквите шпекулации.
„Чувствувам дека
ја имам поддршката на клубот, но добро знаеме дека во фудбалот никогаш не ви е
сигурна иднината. Денес сум тренер на Реал Мадрид, но утре тоа може дa се
премни. Сепак, не сум разговарал со никого и не сум добил никаква понуда“ –
вели Зинедин Зидан.