Габонецот е обврзан
кон Арсенал до 30. Јуни 2021, па неговата иднина виси во воздух. „Топчиите“ сакаат да го задржат Пјер Емерик Обамејанг,
кој е еден од нивните најдобри играчи, но последните гласини велат дека
напаѓачот го ставил во тесно клубот од Северен Лондон.
Пјер Емерик
Обамејанг е подготвен да ја продолжи соработката, но за останување на Емирати
бара неделна плата од високи 300.000 фунти.
Со ваква бројка,
тој ќе стане еден од најплатените во Премиерлигата, на една рака се
бројат фудбалерите кои имаат поголеми примања во моментов.
Се верува дека
Арсенал тешко може да си дозволи ваква плата, особено без настап во Лигата на
шампиони, па „топчиите“ веројатно ќе бидат приморани летоска да го продадат Пјер Емерик Обамејанг.