Премиерлигата размислува за чудна мерка против коронавирусот, може да му направи проблем на тренерот на Кристал Палас

by
1 минути читање

Серија А веќе
одложи десетина натпревари поради коронавирусот, и до 3. април ќе се игра
фудбал без публика. Лиг 1 синоќа исто така повлче потег и го одложи дуелот Стразбур-ПСЖ,
па се чини само прашање на време е кога коронавирусот ќе им направи проблем и на организаторите
во другитен топ првенства ширум Европа.

Властите во
Велика Британија за понеделник имаат закажано состанок на кој ќе се дисктуриаат
сценарија и мерки во случај коронавирусот да земе зе поголем замав на
„островото“.

Според пишувањата
на медиумите, Премиерлигата ќе ја разгледува можноста мечевите да се играат зад
затворени врати, но пред да се примени една ваква мерка, се размислува за
опцијата да се ограничи влезот на стадионите, односно да им се забрани присуствот
на сите лица постари од 70 години, бидејќи тие се најранливи на заразата и најризична демогравска категорија.

Една ваква мерка
може да му направи проблем на тренерот на Кристал Палас, Рој Хоџсон кој има 72
години.

Останува да се види
како ќе се развива ситуацијата, во моментов Премиерлигата го забрани само традиционалното ракување пред натпреварите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×