По Серија А, Лиг
1 е второто првенство од топ 5 што одложува натпревар поради коронавирусот.
Мечот од 28. коло помеѓу Стразбур и ПСЖ нема да се одигра утре поради страв од ширење на заразата.
Генералниот
извршен директор на ЛФП, Дидје Кијо објасни зошто повлекле ваков потег, се очекувало дури 25%
од навивачите на стадионот да бидат од област која е најмногу погодена од
коронавирусот.
„Бевме
информирани дека префектот на Долна Рајна побарал натпреварот да биде одложен
бидејќи се очекува 25% од публиката на утрешниот натпревар да биде од областа Горна
Рајна во која има многу заразени од коронавирусот. Што се однесува до новиот
термин, тој ќе зависи од два фактори. Прво, ќе зависи од сезоната на ПСЖ, кој
се уште се бори на четири фронта и второ, во зависност од тоа како ќе се развива здравствената
ситуација во Франција. Целта е првенството да се приврши со сите одиграни
натпревари“ – вели Дидје Кијо.