198
„Спарси“ во средата
на домашен терен на пенали загубија од Норич и се збогуваа со настапот во ФА
Купот. Жозе Мурињо очигледно тешко се помирува со елиминацијата, па денеска
прстот го впери во помошник судијата и ВАР, вели дека пеналите кои ги одбранил
Крул требале да бидат повторени.
„Не ми се допадна
тоа што во пенал серијата, помошник судијата кој стоеше на линијата и ВАР
спиеја. Нема друго објаснување, во спротивно сите пенали кои Крул ги одбрани требаше да бидат
повторени. Изгледа заморот ги стигна, беше доцна навечера па заспаа“ – изјави Португалецот
на денешната прес конференција.