Речиси и да нема прес
конференција на која не се разговара за коронавирусот и епедимијата која се
повеќе расте во Европа. Тренерите и играчите најчесто одговараат на прашањата, но кога пред неколку дена, новинарите побараа мислење од Јирген
Клоп, предводникот на Ливерпул беше изритиран.
Германецот им порача дека тој е само тренер со бејзбол капче и лоша брада,
недоволно компетентен да зборува за вакви сериозни теми и порача дека луѓето
кои најдобро ја познаваат проблематиката треба да кажуваат што да се прави.
Слично на
Германецот сега реагираше и тренерот на Барселона, Кике Сетиен.
„Убаво си кажа
Клоп. Не знам каква тежина има моето мислење на оваа тема. Јас му се имам
посветено на фудбалот, исто како и Клоп. Не знам што да зборувам за
коронавирусот, си има луѓе кои се стручњаци и нив треба да ги прашате. Зар ние
тренерите треба да се разбираме од сè? Не разбирам зошто ги поставувате овие
прашања“ – изјави Сетиен.