„Манчестер јунајтед направи голема грешка со Бруно Фернандеш“

by
1 минути читање

Ед Вудворд реши
да го одврзе ќесето во зимскиот преоден рок и го донесе Бруно Фернандеш од
Спортинг за 55 милиони евра, плус додатни 25 милиони евра во бонуси. Трансферот
се покажа како полн погодок, Португалецот прикажува одлични партии а по
неговото пристигнување на Олд Трафорд, Манчестер јунајтед нема пораз.

Поранешниот член
на „ѓаволите“, Роби Севиџ вели дека раководството на клубот направило голема
грешка што чекале до јануари наместо да го купат Бруно Фернандеш уште во
летниот преоден рок и смета дека со Португалецот во тимот уште на почетокот од
сезоната, сега ќе бил зацементиран топ четири пласманот.

„Бруно Фернандеш со
леснотија успева да ги отвори тимовите кои доаѓаат на Олд Трафорд да се бранат
и да чекаат контра“
– вели Роби Севиџ, кој синоќа како стручен коментатор на БТ Спорт го работеше дуелот помеѓу Манчестер јунајтед и Дерби во ФА Купот.

„Тоа е разликата
помеѓу овој Манчестер јунајтед и Манчестер јунајтед од пред неколку месци.
Доколку го имаа Бруно Фернандеш уште од почетокот на сезоната, сега ќе беше
зацeментиран топ четири пласманот. Тој ја прави разликата на теренот“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×