Икарди не сака да остане во ПСЖ, Тухел му дава мала минутажа а кога игра, Мбапе и Нејмар не му подаваат

by
1 минути читање

Мауро Икарди во
последните денови од летниот преоден рок се пресели во ПСЖ на позајмица, „светците“
добија и опција во целост да го купат од Интер за околу 70 милиони евра. Аргентинецот
одлично ја започна авантурата во Париз, редовно ги тресеше противничките мрежи па почна да
се говори за негов перманентен престој на „Паркот на принцовите“.

Сепак, медиумите
од Франција пишуваат дека ситуацијата драстично е промената, и доколку напаѓачот
денеска треба да одлучи дали и следната година ќе го носи дресот на ПСЖ,
одговорот ќе биде НЕ.

Извештаите велат
дека работите тргнале на лошо по зимската пауза, Томас Тухел му дава мала
минутажа на Аргентинецот, кој пак ова не го прифаќа лесно. Кога му било соопштено дека нема да биде стартер против Дортмунд во Лигата на
шампиони, тој збеснал и трескал столчиња од земја, а потоа не изустил ниту
еден збор на враќањето во Париз.

Ова не е
едиствениот проблем, наводно Мауро Икарди е иритиран и од однесувањето на двете големи
ѕвезди, Килијан Мбапе и Нејмар, кои не му подаваат доволно. Тој чувствувал дека
често е игнориран,
a Французинот
и Бразилецот
 премногу комбинираат помеѓу себе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×