Стефан Ристовски
и Спортинг добија нов тренер, се работи за 35 годишниот Рубен Аморим. Интересно
е што младиот стратег нема лиценца, ниту А-лиценца ниту пак УЕФА Про-лиценца,
но и покрај тоа, „лавовите“ платија рекордни 10 милиони евра за да го откупнат
неговиот договор од Брага.
Клубот од Лисабон
во својата историја само еднаш има потрошено 10 милиони евра и тоа за ангажман
на напаѓачот Бас Дост, кој е рекорден трансфер на Спортинг.
Рубен Аморим исто
така не може да се пофали со некое големо тренерско искуство, на кормилото на
Брага беше само 13 натпревари, но на овие средби забележа одлични резултати, односно 10 победи, едно реми
и два порази, а донесе и една титула откако го освои Лига купот и ова беше доволна препорака за лидерите на Спортинг.
Во пакет со него на „Жозе Алваладе“ пристигнуваат и Аделио Кандидо и Карлос Фернандеш, а како дел од тренерскиот
персонал ќе бидат и Емануел Феро и Тијаго Фереира.