Мурињо со ултиматум до раководството на Тотнем: Бирајте, или Барнли или РБ Лајпциг!

by
1 минути читање

„Спарси“ синоќа
на пенали загубија од Норич во ФА Купот и наредија четири порази во низа. Без Кејн и Сон во нападот, Тотнем се мачи, а
полека ги стигнува и заморот, па Жозе Мурињо испратил ултиматум до
раководството на клубот.

„Специјалниот“
сака лидерите да одберет кон што тој да се насочи, дали Премиерлигата или
Лигата на шампиони.

Тотнем е на
позицијата број 7 на табелата со пет бода заостанување во однос на
четвртопласираниот Челси и два помалку во однос на петоласираниот Манчестер
јунајтед (доколку на сила остане казната на Манчестер Сити и петтото место на
табелата ќе носи настап во најелитното европско натпреварување).

Португалецот смета
дека неговиот тим нема сили да се бори на два фронта, па бара насоки, дали
целиот фокус да биде на дуелот со Барнли во сабота, или свесно да го ризикува незгодното гостување на „Трф Мур“ за да имаат поголеми шанси за подобар резултат против
РБ Лајпциг.

Клубот од Северен
Лондон загуби на првиот меч од осминафиналето, и на
гостувањето во Германија ќе треба да надополнува еден гол негатива за
продолжување на настапот во Лигата на шампиони.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×