Серија А мисли и на најцрното сценарио со коронавирусот, првенството може да биде прекинато но под еден услов

by
1 минути читање

Овој викенд на
програмата во Серија А треба да бидат шестте натпревари кои беа одложени
минатиот викенд. Согласно декретот кој синоќа го донесе Владата на Италија, ќе
се игра без публика а трибините ќе останат празни се до 3. април.

Во зависност од
тоа какви ќе биде ситуацијата со епидемијата која го зафати северниот дел на
земјата, на почетокто од следниот месец ќе се знае дали забраната ќе остане на
сила.

Според Кориере
дела Сера, Серија А мисли и на најцрното сценарио, односно првенствотото да
биде прекинато. Весникот пишува дека ова може да се случи доколку некој
фудбалер се зарази со коронавирус. Во тој случај, неговите соиграчи ќе треба да
одат во карантин, а во изолација ќе бидат и противничките фудбалери.

Со оглед на тоа дека
нема простор за одложување на натпревари, Серија А ќе нема друга алтернатива
освен да го суспендира првенството.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×