Баерн Минхен и Манчестер јунајтед имаат за што да жалат, Борусија Дортмунд извојува нова голема битка на трансфер пазарот

by
1 минути читање

Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат, се вели дека Борусија Дортмунд
извојува уште една битка со гигантите околу потписот на уште еден талентиран
фудбалер, по Ерлинг Халанд, во составот на „Милионерите“ сега може да пристигне
уште и Џуд Белингам

Се работи за 16
годишниот фудбалер на Бирмингем кој поради своите блескави изданија во редовите
на англискиот второлигаш за брзо го привлече вниманието кај повеќе европски
гиганти, а се шпекулираше дека Манчестер јунајтед и Баерн Минхен се најзагреаните
клубови за неговите услуги.

Сепак, „Билд“
известува дека Борусија Дортмунд е во пол-позиција за потписот на фудбалерот од
средниот ред на Бирминген, а во деталите кои ги објавува медиумот, се вели дека
веќе е постигнат договор помеѓу обете страни.

„Билд“ наведува
дека Борусија Дортмунд за трансферот на Белингам на Бирмингем ќе му исплати 35
милиони евра, а наводно веќе се договорени личните услови за фудбалерот.

Извесно е дека
Борусија Дортмунд на сличен начин ќе доведе големо засилување во својот состав
налик на начинот на кој го ангажираа Џејдон Санчо од Манчестер Сити во 2018.
година, за кого се верува дека „Милионерите“ издвоиле речиси смешни 7 милиони
евра за трансфер компензација, а денес Санчо вреди повеќе од десет пати повеќе
во однос на наведената сума.

Интересно, шефот
на стручниот штаб на Бирмингем, Пеп Клотет се реши да го одмори Белингам за
пресметката со Лестер во ФА Купот, кога многумина со нетрпение очекуваа да
видат како 16 годишниот фудбалер ќе се соочи со Премиерлигашот,  Клотет објаснувајќи ја оваа одлука, наведе
дека чувствува одговорност да се грижи за младите фудбалери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×