„Зошто ме прашувате мене, јас носам бејзбол капче и имам лоша брада“ – на Клоп му е преку глава од прашањата за коронавирус

by
1 минути читање

Коронавирусот
прави огромни проблеми во фудбалот, но и во сите останати спортови, натпреварите или се откажуваат или пак се играат пред празни трибини. Најголем хаос има во
Италија, каде неколку недели по ред се одложуваат натпревари а се размислува и за
радикална мерка со која ќе бидат суспендирани сите спортски настани на „чизмата“
во период од 30 дена.

По синоќешниот
пораз на Ливерпул од Челси во ФА Купот, Јирген Клоп беше запрашан што ќе се
случи доколку заразата продолжи да се шири и како тоа може да влијае врз
неговиот тим.

„Видете, не ми се
допаѓа тоа што за многу сериозна работа, вас ви е важно мислење на фудбалски
тренер. Не го разбирам тоа. Не е важно што велат познатите личности. Како луѓе
кои не се разбираат од ова, помеѓу кои спаѓам и јас, да зборуваат за коронавирус?
Луѓето кои ја познаваат оваа проблематика треба да зборуваат, да кажат
правете вака или правете така и се ќе биде во ред или нема да биде во ред. Не
се разбирам од политика, коронавирус… Зошто ме прашувете мене? Јас носам бејзбол
капче и имам лоша брада“
– порача Германецот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×