Коронавирусот создаде вистински хаос во распоредот на Серија А, беа одложени повеќе натпревари поради кои во прашање беше доведена и регуларноста на првенството.
Денеска се одржа состанок меѓу клубовите, Фудбалската федерација на Италија и Серија А на кој требаше да се најде решение за ситуацијата.
„Газета дело Спорт“ пишува дека дербито меѓу Јувентус и Интер ќе се игра на 9 март во 20:30 часот. Весникот ги објави термините на сите одложени мечеви.
Се верува дека одложените натпревари ќе се играат на празни стадиони иако тоа се уште не е прецизирано.
Сабота 7 март
Сампдорија – Верона
Недела 8 март
Удинезе – Фиорентина
Понеделник 9 март
Милан – Џенова
Парма – СПАЛ
Сасуоло – Бреша
Јувентус – Интер
Колото кое требаше да се игра следниот викенд ќе биде поместено за викендот потоа, сите кола ќе бидат поместени за еден викенд со цел првенството да заврши до 24 мај.