Хрватот минатата
недела се пожали дека Иван Газидис им работел зад грб, односно се обидувал да го донесе Ралф Рангник како нов тренер и спортски директор без да се консултира со него и Паоло Малдини.
Очигледно
разликите помеѓу првиот човек на клубот и оперативците се големи, па голем број
на извори објавија дека само прашање на време е кога ќе почнат да летаат откази.
Звонимир Бобан
денеска имал средба со Иван Газидис на која се разговарало за начинот на кој ќе
се разделат. Се очекува во скоро време да пристигне соопштение за отказ, иако не се исклучува можноста Хрватот да остане на Сан Сиро до крајот на сезоната.
Медиумите исто
така шпекулираат дека по Звонимир Бобан, од Милан ќе си замине и Паоло
Малдини. Легендата на „росонерите“ никогаш јавно не го изразил незадоволството,
но на сите им е познато дека тој има многу замерки за начинот на кој се води клубот.