„Немам видено фудбалер како Бруно, постојано вежбаше удари кон голот еден час по тренингот“

by
1 минути читање

Бруно Фернандеш
мошне брзо прераснува во лидер на Манчестер јунајтед, а тоа е секако од голема
корист за Оле Гунар Солшер кој се соочува со проблеми во својот состав поради
повреди, ги нема на располагање Пол Погба, ниту пак Маркус Рашфорд.

25 годишниот
Португалец, бивш соиграч на нашиот Стефан Ристовски во Спортинг Лисабон,
потпиша за Премиерлигашот по трансферот вреден 68 милиони фунти, а брзо се
адаптираше во тимот од „Олд Трафорд“, а сето тоа воопшто не го изненадува тренерот
на Спортинг Лисабон, Жорге Силас.

Дали постоеа
некои сомнежи за тоа дека Бруно Фернандеш ќе пристигне во Манчестер јунајтед и
ќе биде тоа што е денеска? Тој има уште многу што да прикаже
“ изјави Силас за „Рекорд“.

Замислете за
неколку месеци, кога тој ќе се интегрира во тимот, го гледав на тренинзите
секој ден, искрено, немав видено дотогаш фудбалер како него, кој вежба удари
кон голот речиси еден час по завршувањето на тренингот
“ додава тој.

Морав во некои
прилики да му кажам
Бруно,
доста е
, а кога оди во тим
како Манчестер јунајтед, секако е добро за него, нормално, тој веќе
импресионира, може брзо да се адаптира, а воедно и лесно
“ заклучи Силас.

Бруно
Фернандеш во 137 натпревари за Спортинг Лисабон успеа да реализира 63 погодоци,
а зад своето име да запише уште и 52 асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×