369
Кристијано
Роналдо вчера за прв пат се врати на Сантијаго Бернабеу по трансферот во 2018,
Португалецот од свечената ложа го следеше „Ел класико“. По крајот на
натпреварот, новинарот Еду Агире, кој е близок пријател на ЦР7 најави бомба и
говореше за можноста напаѓачот одново да го облече белиот дрес.
„Со сигурност
знам дека Кристијано сака да се врати во Реал Мадрид. Ја почувствува љубовата
на сиот Мадрид кога се врати на Бернабеу, беше возбуден. Сега целосно е
фокусиран на Јувентус, на Лигата на шампиони. Среќен е во Торино, но во
фудбалот, никогаш не вели никогаш. Не знам што ќе се случи во иднина, никој не
знае“ – вели Еду Агире за „Ел чирингито“.