Гатузо бил бесен по победата на Наполи над Торино, стратегот веднаш разговарал со Елмас и уште двајца играчи

by
1 минути читање

„Наполитанците“
синоќа забележаа нова победа и ја продолжија мизеријата на Торино откако
триумфираа со 2-1. Наполи беше подобар противник во текот на целиот меч, но
едно невнимание во 91. минута ја врати надежта кај гостите дека можат да
избегнат пораз.

Медиумите од Италија
сега пренесуваат дека Џенаро Гатузо бил задоволен од победата но и бесен поради
погодокот на Едера. По последниот свиреж, тој влегол на теренот за да им честита на своите избраници но и веднаш да разгова со тројца играчи, помеѓу кои и нашиот
Елиф Елмас.

Стратегот барал
објаснување од Македонецот, од Костас Манолас и од Фабијан Руиз што правеле кога
противникот го постигнал голот, односно нивното позиционирање на теренот при акцијата.

Кога разговараше со медиумите, Џенаро Гатузо не спомна ниту едно име, но призна дека не бил задоволен
од тоа како се одвивала завршницата на мечот.

„Навистина ми се
допадна како одигравме вечерва, освен почетните пет минути и завршницата. Бев
бесен во последните минути. Доминиравме цел натпревар и на крајот му
дозволивме на противникот да се врати во игра. Не смееме да бидеме вообразени и
да примиме таков гол“
– вели тренерот на Наполи.

Џенаро Гатузо
потоа даде еден луд коментар за тоа како сака да играат неговите избраници.

„Сакам да бидеме
убави како Бред Пит кога ја имаме топката во нозе, и грди како мене кога треба
да трчаме назад и да затвараме во одбрана“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×