713
Пред неколку дена
пристигна информација за првиот заразен во Калчото, фудбалер на треголигашот
Пјанезе бил позитивен на коронавирус. Вирусот се проширил и во клубот, се
заразиле уште тројца играчи и тим менаџерот.
Ова предизвика и
реакција во редовите на Јувентус со оглед на тоа дека токму У23 тимот на „старата
дама“ играше против Пјанезе минатиот викенд.
Од таборот на „бјанконерите“
вечерва порачаа дека се стопирани сите тренинг сесии на резервите и сите играчи
се во карантин. Тие не смеат да мрднат од своите домови до 8. март и покрај тоа
што никој не покажува симптоми на болест.