Кој е Дитмар Хоп и зошто навивачите на Баерн го навредуваа сопственикот на Хофенхајм

by
2 минути читање

Љубителите на
фудбалот денеска беа сведоци на неверојатни сцени, играчите на Хофенхајм и Баерн
Минхен во последните 15 минути си ја подаваа топката.

Причина за ова
беше скандалот кој го направија дел од гостинските навивачи, кои извадија
навредлив транспарент наменет за сопственикот на Хофенхајм, Дитмар Хоп. Ниту
тоа што натпреварот на кратко беше прекинат, ниту пак молбите од тренерот Флик
и играчите не ги предомислија фановите, навредите продолжија, па судијата
превзеде драстичен чекор и ги испрати играчите во соблекувална. Постоеше ризик
мечот да не го дочека крајот, но беше направен компромис и фудбалероте се
вратија на теренот. Сепак, фудбал немаше и фудбалерите од двата табора само си
ја подаваа топката.

Генералниот
извршен директор на Баерн, Карл Хајц Румениге изјава дека од срам потонал во
земја и му се извинил на Дитмар Хоп, кого го опиша како фин и чесен човек кој
сторил многу за фудбалот и другите спортови од овој регион.

Дитмар Хоп е еден
од најбогатите луѓе во Геманија, според Форбс неговото богатство се проценува
на 14,7 милјарди долари.

Со помош на
неговите милиони, Хофенхајм, клуб од истоименото село кое има само 3.000 жители,
забележа брз раст, во 2000-та клубот играше во пета лига, а веќе во 2008 избори
промоција во Бундеслигата. Десет години подоцна беше остварен пласман на
третата позиција и настап во Лигата на шампионите. Дитмар Хоп покрај тоа што
инвестираше огромни суми во составот, одвои и 100 милиони евра за изградба на
нов модерен стадион со капацитет од 30.000 гледачи (градот во кој се наоѓа
арената, Зинсхајм има нешто над 35.000 жители).

Но тој е трн во
очите кај голем дел од навивачите на ривалите и често е на мета. На нив не им
се допаѓа начинот на кој Хофенхајм се искачи кон врвот, односно тоа што клубот
бележи прогрес благодарејќи на милионите кои ги вбризгува Дитмар Хоп. Ова е
спротивно на традицијата, има клубови кои се многу постари и сакаат да стигнат
до Бундеслигата со сопствена заслуга. Таков е случајот со Унион Берлин, клуб
чиј корени датираат од
далечната 1906 година, и оваа сезона за прв пат играат во елитата. Покрај
Хофенхајм, на мета често е и РБ Лајпциг, кој се проби на врвот благодарејќи на
милионите на Ред Бул.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×