Рекордите на Арсенал остануваат недопрени, Вотфорд го тресна Ливерпул (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Одличната серија
на Ливерпул заврши, по една година и два месеци, „црвените“ загубија натпревар
во Премиерлигата. Избраниците на Јирген Клоп се сопнаа на гостувањето кај
Вотфорд, „стршлените“ со 3-0 го изненадија фаворитот.

По прво полувреме
без голови, Сар го отвори резултатот во 54. минута од мечот. Истиот играч изби
сам пред Алиосн во 60. минута и ја префрли топката преку голманот за 2-0 и огромна
радост.

Дека ова не беше
ден на Ливерпул, покажа и голот во 72. минута, кога Александер Арнолд лошо
врати една топка а Дини ја затресе мрежата за 3-0.

Овој резултат
веројатно нема да значи многу во битката за титулата но е добредојден за
Арсенал и навивачите на клубот од Северен Лондон, кои можат да здивнат, рекордите
за сезона без пораз и серија од 49 натпревари без пораз остануваат недопрени.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×