Морати: Комисо е бесен на судиските одлуки? Да знае само што му се случуваше на Интер

by
1 минути читање

Роко Комисо го крена гласот по поразот на Фиорентина од 3-0 на гостувањето кај Јувентус изминатиов викенд.

Сопственикот на „виолетовите“ имаше замерки за судијата и вториот досуден пенал во корист на „старата дама“, сметаше дека немало најстрога казна за стартот на Чекерини врз Бентакур и ги обвини арбитрите дека им помагаат на „бјанконерите“ да стигнат до триумф.

Неговата изјава беше причина за реакција од таборот на Јувентус, од каде порачаа дека нема ништо спорно и дека тие победите ги заслужуваат со играта на терените.

На оваа тема денеска запрашан беше и долгогодишниот прв човек на Интер, Масимо Морати, кој вели дека „нероаѕурите“ во минатото биле жртви на поголеми неправди.

„Во минатото имаше поголеми неправди кон нас, ова не е толку страшно. Можам да го разберам Комисо, дојде од странство, вложува многу пари и сега се соочува со чудни ситуации, па е лут. Но очигледно не знае што му се случуваше на Интер, тогаш ситуациите беа уште почудни“ – вели Масимо Морати, кој од 1995 до 2013 беше на чело на Интер и се шпекулираше дека има потрошено околу 1,5 милјарди евра за да го направи клубот еден од најдобрите во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×