Дејвид Бекам сакаше да остане во Манчестер јунајтед, но Сер Алекс Фергусон беше решен да го продаде. Англиската ѕвезда мораше да го напушти Олд Трафорд во 2003 година.
Манчестер јунајтед постигнале договор со Барселона за трансфер на Бекам, но тој не сакал да слушне за преселба таму, сакал во Реал Мадрид, што на крајот и се случи.
„Слушнав гласини дека можеби ќе бидам продаден. Бев на одмор во САД со Викторија и еден пријател ми се јави и ми рече дека на „Скај Спортс“ имало дека Јунајтед се договориле со Барселона. Му реков дека тоа не е точно, јас ништо не знам за такво нешто“, открива Бекам.
„Потоа се вратив во Лондон и се обидов да зборувам со Питер Кенион и со тренерот, но тие рекоа дека не можам да останам. Им реков дека морам да знам што се случува, ми рекоа дека се договориле со Барселона“.
„Потоа зборував со мојот агент и му реков, ако треба да одам некаде, ќе одам во Мадрид. Некој ден подоцна седнав со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и се договоривме“.