Фановите на
Манчестер јунајтед на големо се присетија на убавиот период на клубот од „Олд
Трафорд“, а за тоа да биде така се погрижи Пол Сколс, кој објави фотографија на
социјалните мрежи во друштво на Двајт Јорк, меѓутоа фотографијата остана во
втор план по пораката на Сколс под неа.

„Е, ова е
централен напаѓач, убаво што те гледам Двајт Јорк“ напиша Сколс, по што доби и
коментар од Евра.

„Пол Сколс, зошто
мораш да наведуваш централен напаѓач? Престани да фрлаш толку многу бомби“
коментираше Французинот, а многумина брзо ја „дешифрираа“ комуникацијата помеѓу
нив, што воедно не е тешко да се разбере.
Се работи за
Ентони Марсијал, кој од страна на Оле Гунар Солшер е на некој начин
прекомандуван на позицијата централен напаѓач за оваа сезона, иако тоа е една од
позициите на Французинот, веројатно за него подобри се крилните позиции, сепак,
ова останува дилема на Островот.
Токму 24
годишниот Французин постојано се соочува со критики на своја адреса поради
слабата реализација, како и некогаш индиспонираната игра на теренот, а токму
тоа е главната порака на Сколс во фотографијата со Двајт Јорк, поранешниот
фудбалер од Тринидад и Тобаго, кој на 96 настапи за „Црвените ѓаволи“ постигна
учинок од 52 погодоци во четири години (1998-2002).
Манчестер
јунајтед и сезонава не бележи добар скор, барем засега, откако по 25 одиграни
кола во Премиерлигата освои 35 бода, а се наоа на седмото место на табелата,
голем проблем е повредата на подолг рок на „моторот“ на составот, Маркус
Рашфорд, а што се однесува пак до Марсијал, тој и нема толку лоша статистика,
ако се земе во предвид дека на 19 настапи постигна 8 погодоци.
Доста критикувана воедно е политиката на Манчестер јунајтед во однос на активностите на клубот на трансфер пазарот, во јануарскиот преоден рок „Црвените ѓаволи“ сепак доведоа звучно име во својот состав, се работи за Бруно Фернандеш кој имаше одлично деби, а притоа го доведоа и напаѓачот Одион Игало.