Во меч со пресврти и пет гола, Тотнем го победи Саутемптон (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Тотнем и Саутемптон одиграа интересен натпревар со пет погодоци, а на крајот се радуваа Спарси.

Првиот меч во Лондон заврши нерешено 1-1, па денеска во повторен дуел се решаваше патникот во осминафиналето.

Тотнем поведе во 12. минута со автогол на Стивенс, во 34. минута Лонг изедначи на 1-1.

Во 72. Ингс реализира за комплетен пресврт и водство на Саутемптон од 2-1, но домаќините брзо се вратија.

Во 78. минута Лукас реализира од далечина за 2-2, а на три минути до крајот Сон од пенал кој беше направен врз него реализира за победа од 3-2.

Во осминафиналето од ФА Купот Тотнем ќе игра против Норич.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×