„Дејли Мејл“
известува дека во Јувентус размислуваат да повлечат потег за фудбалерот на
Манчестер Сити, Лерој Сане, меѓутоа Германецот истовремено се поврзува и со
Баерн Минхен, клуб кој и натаму под будно око ја следи ситуацијата со
офанзивецот кој влече повреда дури од август, па од тогаш па наваму е вон
комбинација за настап.
Постојат најави
од одредени медиуми дека „Баварците“ ќе се вратат по Сане во летниот преоден
рок, а „Калчомеркато“ пак, пишува дека Јувентус ја мониторира неговата
рехабилитација од повредата, која наводно бележи прогрес.
Се верува дека по
враќањето на терените од страна на 24 годишниот Сане, во Јувентус ќе падне и
конечна одлука за тоа дали вреди да се тргне по потписот на Германецот кој
истовремено е голема желба и на Баерн Минхен.
Извесен период се
шпекулираше дека Сане го преферира Баерн Минхен како опција за неговата иднина,
меѓутоа останува отворено прашањето каков ќе биде одговорот на Манчестер Сити,
клуб со кој има важечки договор до идната година.
Во текот на
вчерашниот ден, претседателот на Баерн Минхен, Херберт Хајнер ја остави
отворена вратата од германскиот првак за трансфер на Сане на лето.
„Лерој е
фантастичен фудбалер за кого ние сме заинтересирани, тоа е добро познат факт,
сега ќе мораме добро да ја процениме ситуацијата по неговото враќање на
терените“ рече тој.
Во меѓувреме,
шефот на стручниот штаб на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола посочи дека
рехабилитација на Сане тече во одличен правец.
„Тој почна да
тренира со нас, тоа е одлична вест, целосната рехабилитација е на добар пат“
најави Гвардиола претходната седмица, оставајќи простор Сане да се врати во
блиска иднина.
Нешто повеќе околу Сане, тој претходно ја напушти агенцијата на Дејвид Бекам, тоа го стори во последниот ден од претходната година, наводно незадоволен од својот агент Дејв Гарднер, потпиша за агенцијата „Лиан Спортс“, меѓутоа, „Билд“ извести дека во Баерн Минхен воопшто не се грижат по ова прашање, а шпекулациите велат дека самиот фудбалер јасно ставил дознаење дека сака да направи трансфер во германскиот првак.