Ериксен објасни зошто е во Интер, а додаде дека бил „црна овца“ во Тотнем

by
1 минути читање

Во јануарскиот
преоден рок заврши сапуницата околу иднината на Кристијан Ериксен, тој одби да стави
потпис на нов договор со Тотнем, а со тоа стави јасно дознаење дека посакува
нова авантура во својата кариера.

27 годишниот
Данец потпиша за Интер, а во интервјуто за „ББС Спорт“ објасни зошто е во
дресот на „Нероаѕурите“, надевајќи се дека ќе му помогне на тимот од Милано
сезонава конечно да ја сопре долгогодишната доминација на Јувентус во „Серија А“,
меѓутоа не заборави да го спомене и Лацио, кој исто игра во одлична форма.

Јувентус подолг
период победува, ние сакаме да му ставиме крај на сето тоа, затоа сум тука,
нема дилеми дека низата победи се фактор, а Јувентус го поседува тоа, исто и
Лацио е со нас во горниот дел од табелата
“ рече Данецот.

Извесен период,
поради ситуацијата со неговиот договор, на Островот се вперуваше прстот токму
кон Ериксен, најмногу за неговата форма, која беше променлива, но, и поради
односот на Данецот на терените кој беше дискутабилен, во однос на таа тема,
Ериксен вели дека бил искрен, откако не криеше јавно за своите желби во иднина.

Во ситуација
кога имате уште мал период до крајот на договорот, ќе бидете црна овца. Јас бев
многу искрен, чувствував потреба да бидам таков, не сакав да кријам, како што
тоа го прават другите, сите сме различни, јас само бев искрен, сакав да го
кажам тоа гласно
“ додава тој во интервјуто.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×