Погба им се доверил на соиграчите и им открил какви му се плановите, тие му порачале дека најдобро е летоска да замине

by
1 минути читање

За иднината на
Пол Погба се пишува со месеци, Французинот минатото лето побара да го напушти
Олд Трафорд. Тој беше желба на неговиот сонародник Зинедин Зидан и клучен дел од новиот
проект кој Зизу го започна во Реал Мадрид. Јувентус исто така пројави интерес и
се посочуваше како можна опција, но трансфер никогаш не се реализираше.

И покрај тоа што
Оле Гунар Солшер постојано вели дека тие нема да го продадат Пол Погба и дека
иднината на играчот е во Манчестер, името на фудбалерот од средниоот ред често е дел од трансфер
шпекулациите.

Последните
гласини велат дека Пол Погба им се доверил на соиграчите и им ги открил плановите, МЕН пишува дека
Французинот во соблекувалната соопштил дека сака да замине. Весникот додава дека дел од неговите
соиграчи размислуваат исто и му кажале дека најдобро за сите е тој летоска да
си најде нов клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×