166
Престојниов викенд се игра големото дерби на Милано меѓу Интер и Милан. Ромелу Лукаку ќе игра против неговиот поранешен соиграч Златан Ибрахимовиќ.
„Ибра е шампион, го почитувам. Во Манчестер можев да тренирам со него секој ден, тоа е беше најубавата работа за мене. Ќе биде убаво да играм против него. Тој е голем шампион и професионалец“, вели Лукаку.
„За мене нормални се работите кои тој ги прави на 38 години, бидејќи знам колку работи. Секогаш ми даваше совети кога игравме заедно во Манчестер“.