Медисон пред потпис на нов, долгогодишен договор со Лестер

by
1 минути читање

Британски „Телеграф“
известува дека 23 годишниот англиски репрезентативец, како и член на Лестер,
Џејмс Медисон е близу до потпишување на нов, долгогодишен договор со клубот од
„Кинг Пауер“.

Според
известувањата на медиумот, се вели дека претставниците на фудбалерот се во
финални преговори со челниците на Лестер, па иако плејмејкерот на Лестер
моментално има важечки договор со клубот до 2023. година, истиот ќе биде
обновен, секако, и со подобри финансиски услови за фудбалерот во истиот.

Лестер направи одлична
зделка со Медисон кој стана еден од клучните фудбалери во составот на Брендон
Роџерс, по неговиот трансфер од Норич во летото 2018. година, за само 21 милион
фунти, брзо ги освои симпатиите кај навивачите, а се поврзуваше и со Манчестер
јунајтед и Арсенал.

Лестер има
одлична сезона зад себе, барем до овие моменти, со 49 бода се наоѓа на третото
место во Премиерлигата, а што се однесува пак до Медисон, на 24 настапи успеа
сезонава да постигне и шест погодоци, а запиша и три асистенции зад своето име.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×