Интер Мајами на Бекам подготвува богати понуди за Модриќ и Кавани

by
1 минути читање

„Марка“ известува
дека Иинтер Мајами, американскиот клуб кој е во сопственост на Дејвид Бекам,
подготвува богати понуди за Лука Модриќ од Реал Мадрид, како и Единсон Кавани
од ПСЖ.

Доколку се
навратиме некој месец поназад, ќе наведеме дека „АС“ во ноември извести дека
Модриќ е на листата на желби во Интер Мајами, а истовремено тој клуб се
поврзуваше и со Луис Суарез од Барселона.

Минатиот месец
пак, „Д Атлетик“ извести дека Модриќ веќе имал преговори со Д.Ц. Јунајтед за
преселба во МЛС лигата, па останува отворено прашањето дали хрватскиот
репрезентативец ќе се пресели во Соединетите Американски Држави, иако има опции
и на европско тло се уште за него.

Модриќ има уште
18 месеци од неговиот актуелен договор со Реал Мадрид, неофицијално, Хрватот
наводно не сака да си замине од шпанската престолнина, барем не засега.

34 годишниот
фудбалер од средниот ред на „Кралевите“ извесен период силно се поврзуваше со
трансфер во Интер, а дека може да се случи да си замине, доволно говори и
фактот што сезонава запиша само 11 настапи како стартер за Реал Мадрид.

Што се однесува
пак до 32 годишниот Кавани, тој е во слична положба како и Модриќ, воедно од ПСЖ јасно
посочија дека искусниот уругвајски напаѓач самиот побарал да си замине од
клубот, а медиумите го поврзуваа и со можен трансфер во Атлетико Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×