На Островот
помалку зачуди информацијата која ја објави „ДејлиМејл“, а која вели дека во
Манчестер јунајтед сериозно размислувале да тргнат по 36 годишниот напаѓач на
Брајтон, Глен Мареј во самата завршница од јануарскиот преоден рок, во кој се
задоволија со Одион Игало на крајот.
Нема дилеми дека
ветеранот е едно изненадувачко име на листата на Манчестер јунајтед, откако
тимот од „Олд Трафорд“ мораше да реагира брзо во јануарскиот преоден рок за да
донесе одредено засилување во нападот, особено по повредата на Маркус Рашфорд,
а ситуацијата на Мареј во Брајтон воедно го направила напаѓачот потенцијален
кандидат на таа листа.
Мареј, кој инаку
е голем навивач на Манчестер јунајтед, има лимитирана минутажа во дресот на
Брајтон по доаѓањето на Нил Мепај во тој состав, стартувајќи на само еден меч
од септември па наваму.
Селтик, Њукасл и
Астон Вила се споменуваа како клубови кои наводно пријавиле интерес за услугите
на Мареј, а што се однесува до Манчестер јунајтед, тој на крајот се задоволи со
30 годишниот Игало, кој добро ја познава Премиерлигата, откако претходно
настапуваше во дресот на Ватфорд, а сега дојде од кинески Шангаи.
EXCLUSIVE: Manchester United considered Glenn Murray move at end of January transfer window as they hunted a new striker before signing Odion Ighalo#MUFChttps://t.co/xv0LSl6JSs
— MailOnline Sport (@MailSport) February 3, 2020