Милан го носи Рангник на Сан Сиро, Германецот ќе стане нов тренер, скаут и директор!?

by
0 минути читање

Ралф Рангник пред
неколку месеци се поврзуваше со Милан, но тогаш вестите беа демантирани. И
покрај негирањето, медиумите продолжуваат да пишуваат на оваа тема, денешното
издание на Билд вели дека „росонерите“ и Германецот се во напредни преговори.

Оперативецот на
РБ Лајпциг следната сезона треба да стане тренер на Милан. Во исто време тој ќе
биде и скаут и спортски директор, и ќе извршува улога која е невидена во модерниот
фудбал.

Ралф Рангник не само што ќе седи на жешкото
столче и ќе ги води „росонерите“, ќе има и целосна контрола врз трансферите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×