Помалку чудно,
меѓутоа Иван Ракитиќ остана во Барселона и по крајот на јануарскиот преоден
рок, иако искусниот 31 годишен хрватски репрезентативец подолг период беше на
излезна врата од „Камп Ноу“.
Ракитиќ се
поврзуваше со можен трансфер во Манчестер јунајтед, како и Јувентус, откако
неговата улога во дресот на Каталонците беше редуцирана, за што веројатно и
самиот тој алудира во неговата изјава.
„Постоеа некои
работи едноставно воопшто не ми се допаѓаа, јас многу јасно говорев на таа
тема, сите знаеме дека постојат луѓе кои донесуваат одлуки, но тука сме, а тоа
не го правиме само за да се смееме и да уживаме“ вели Хрватот, кој синоќа ги одигра
сите 90 минути во победата на Каталонците над Леванте со 2-0 на домашен терен
во редовното коло од „Примера“.
„На крајот,
најдоброто нешто за клубот мора да биде тоа што е најдобро за истиот, мораме да
прифатиме дека некои работи едноставно не можеме да ги разбереме“ додава
Ракитиќ.
„Во моментов не е
време да говориме за тоа колку сум јас не сум бил среќен, еве, среќен сум што
играв и сите добро го знаат тоа, не мораме повторно да говориме на таа тема,
морам да свртам нова страница, а воедно и да не мислам премногу на тоа“ заврши
тој, меѓутоа шпекулациите околу неговата иднина речиси сигурно е дека нема да
престанат, па на лето би можеле да проследиме нова „сапуница“ околу оваа тема.