Бергвејн има посебен стил на прослава на погодоците, откри што стои зад тоа (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Стивен Бергвејн,
22 годишниот офанзивец кој ги мина сите младински категории за националниот
состав на Холандија, а има и девет настапи за сениорите, има деби за паметење
во дресот на Тотнем по трансферот од ПСВ во јануарскиот преоден рок.

Младиот Холанѓанец
го чинеше Тотнем 27 милиони фунти, а тој дебитираше со гол против бранителот на
шампионскио трофеј во Премиерлигата, Манчестер Сити, постигнувајќи го водечкиот
гол, и тоа на преубав начин со полуволеј.

Бергвејн голот го
прослави на свој традиционален начин, покривајќи го своето лице со едната рака,
како и тоа што спои два прста, па со тоа побуди интерес на Островот, какво е
значењето на таа прослава.

Тоа не е ништо
посебно, сето тоа доаѓа од играњето ФИФА со моите пријатели
“ рече Бергвејн по
мечот кој Тотнем го доби со 2-0.

Тие ми рекоа направи го тоа вака, и оттогаш па наваму секогаш прославувам
на таков начин
“ додава младиот Холанѓанец.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×