325
Барселона победи со 2-1 против Леванте, а Меси и Фати беа хероите во овој триумф.
Во 30. минута Меси додаде до Фати кој погоди за водство од 1-0. Веќе во следната минута двајцата се најдоа во идентична улога, Меси повторно го проигра Фати кој постигна уште еден гол за 2-0.
Барди кој беше повреден во изминатиот период, во игра влезе во 80. минута и имаше одлична шанса за гол но Тер Штеген го одбрани неговиот удар.
Почесниот гол за Леванте беше постигнат во 92. минута, Рочина погоди од голема далечина.