Лукаку го врати Интер на победничките патеки, со два гола го урна Удинезе (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Интер имаше три нерешни средби по ред до денешниот меч против Удинезе. Тимот на Конте не блескаше во првото полувреме, но тоа се промени во вториот дел.

Големото засилување Ериксен беше стартер на дуелот, но дури откако беше изваден од игра Интер ги даде головите.

Во 64. минута Лукаку одлично пласираше за водство од 1-0, а седум минути подоцна погоди и од пенал за конечни 2-0.

По 22 одиграни кола Интер е втор со три бода помалку од Јувентус и два повеќе од Лацио кој има и натпревар помалку.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×